Дел се појавија, а дел не седнаа во училишните клупи. Додека родителите настојуваат да се реши проблемот, директорите на двете училишта смируваат. Се бара решение прифатливо за сите.
Дел се појавија, а дел не седнаа во училишните клупи. Додека родителите настојуваат да се реши проблемот, директорите на двете училишта смируваат. Се бара решение прифатливо за сите.
Средношколците од „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ не попуштаат. Во прва смена, дел од учениците беа на настава додека останатите си заминаа, во знак на протест. И покрај најавите за генерален протест, сепак не се организира. Поголем дел од средношколците од втора и четврта година кои беа попладневна смена, воопшто не се појавија во училишните клупи. Цврсто стојат на ставот, додека не се исполни ветувањето за делба во јазични смени, нема да ја следат наставата.
Директорите на двете средни училишта велат, будно ја следиме состојбата а во меѓувреме бараме решение. Додека не одлучат на кој начин ќе се следи наставата, апелираат до учениците да не ја бојкотират истата.
Во текот на денот, до нашата редакција се јавија неколку родители кои тврдат дека состојбата е загрижувачка и оти мора итно да се најде решение. Велат дека се на стана на учениците македонци, за да се воведат јазични смени. Ги потсетуваат директорите дека ветиле со почетокот на новата учебна година, овој проблем ќе биде решен. Апелираат до нив да ја сфатат сериозноста на ситуацијата пред да настанат поголеми инциденти.
Спротивно од ова, надлежните од Локалната самоуправа при општина Струга, и понатаму стојат на ставот да нема етнички делби, туку да се гради соживотот во градот.
Додаваат дека ќе настојуваат заедно со министерството за образование и наука да се најде решение прифатливо за сите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град