Струја за еден град

Денес официјално пуштена во употреба и петтата електрана од системот електрани на Јавно приватно партнерство на МЈП „Проаква“ и „Фероинвест“. Со тоа заокружена е инвестицијата на „Фероинвест“ од 7,3 милиони за проектот на електраните.

 |  Билјана Николовска  | 
elekktrani
електрани

elekktraniПетте електрани мали, но доволни да ги задоволат потребите за струја на еден град. „Белица 1“ е петтата електрана која денес и официјално беше пуштена во употреба, во присуство на претставници на Јавното приватно партнерство на МЈП „Проаква“ и „Фероинвест“. „Многу години се зборува за мали електрани, тие само го носат името, но во суштина тие воопшто не се мали ниту од аспект на производство на електрична енергија, ниту од аспект на инвестиција, изјави Проф. Кочо Алушев. Тој додава дека ова е прва реализација на проект во државава, кој е во рамките на стратегијата за развој на обновливите извори на енергија, и први електрани во рамките на новите законски прописи согласно законот за енергетика.
Овој проект со себе не носи само еден бенефит, вели проф. Алушев. Тој, посебно го потенцира моментот што МЈП „Проаква“, доби изградба на цевковод плус 12 километи, кој ја носи водата од Горнобеличките извори до резервоарите на општина Струга, согласно сите еколошки стандарди за поквалитетна вода за пиење.
Првиот човек на МЈП „Проаква“, Бранислав Трпчевски рече дека бенефитот од електраните за двете општини Охрид и Струга е мултиплициран од повеќе аспекти.
Концесијата за користење на водните ресурси кои се во ингеренција на „Проаква“ за двете локации е дадена за 25 и 30 години, потенцира Трпчевски. Петте електрани имаат инсталирана снага од три мегавати, што значи вкупно годишно производство од 14 милијарди киловат часови согласно нормативите на енергетските биланси на Македонија. Како што е познато 3 хидроцентрали се изградени на Летничките извори и тоа, Охрид 1 на Галичица, Охрид 2 во Рамне и Охрид 3 во близина на „Бејбунар“, додека пак две се во Струга, Белица 1 и Заграчани. Согласно тендерските услови МЈП „Проаква“ во Струга ќе користи 18 % од нето добивката на производство на електрична енергија, а Охрид 31%.
elekktrani

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top