Струга во знакот на „ГОДИНА НА ЕСЕЈОТ“

Со полагање на свежо цвеќе пред спомен бистата  на браќата Миладиновци, од страна на нивните потомци, почнаа деновите на Меѓународната литературна манифестација „ГОДИНА НА ЕСЕЈОТ“.

 |  Николоска Биљана  | 
promocija
промоција

Од денес, па во наредниве три дена, Струга во знакот на „ГОДИНА НА ЕСЕЈОТ“. Оваа реномирана меѓународна литературна манифестација по шести пат се одржува во поетска Струга, а е во организација на Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“. Денес потомците на браќата Миладинови, положија букет цвеќе пред бистата, која се наоѓа пред спомен домот на познатите македонски преродбеници, а со тоа и официјално започна Годината на Есејот. Ристе Миладин потомокот на браќата годинава се обрати со нови стихови пред присутните.

cveke miladinovci

„Јас како потомок по четвртото колено од родословието божјо, мојот поклон до нив е разумен, разбирлив, траен, вечен. Мојата реч е изуст и величие до нив до трагите, сонцето, патот и занданата која што мрачно зрачеше во предвечерието на Босворот и Мраморното море. Трепет е тоа. На ова место, пред оваа куќа и нивниот споменик, беседам или пак изустувам думи и пораки кои лебдат над хоризонтот и недогледот на езерото“.

Во рамките на одбележувањето на „Годината на Есејот“, беше промовиран романот на Зоран Бингулац, „Кривоколчени времиња“. Посебна чест е што промоцијата на мојата книга која е преведена на македонски јазик се поклопува со оваа значајна меѓународна литературна манифестација, посебно во градот на Браќата Миладиновци“, вели Бингулац.

miladinovci„Јас доаѓам од Белград и запознаен сум со активностите на Медитеранската академија која ја шири и македонската култура и поезија, а знаеме дека јазикот на книжевноста е универзален и ова што го прави господинот Разме Кумбаровски ни е добро познато. Ние остваривме соработка и за време на Струшките вечери на поезијата во Струга, а исто така и за време на традиционалната средба на писателите минатата година во Белград.
Она што е актуелно сега во светот, а ќе биде и кај нас е мојот поглед таканаречениот под наводници „Кобниот датум, 20ти Декември 2012 година“ кога според некои предвидувања повторно под наводници ќе дојде до некој „крај на светот“. Нормално јас тоа го гледам од еден друг агол од аспект на браќата Миладиновци, а тоа е дека секогаш победува љубовта помеѓу луѓето.“

Свеченото отварање на меѓународната литературна манифестација „Година на Есејот“, која се одржува по повод 150 годишнината од смртта на Браќата Миладиновци, ќе биде во истоимениот дом на култура во Струга со почеток во 20 часот. На чинот на полагање на цвеќе и оддавање на почит пред Споменикот на Браќата Миладиновци-Струга не се појави градоначалникот Рамиз Мерко иако   бил уредно поканет.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top