Струга завеaна во снег

Иако оваа општина е на само 14 километри од Охрид, таму снежната покривка е речиси двојно поголема. Интервенцијата од надлежните ако воопшто ја има, незабележлива.

 |  Билјана Николоска  | 
Struga sneg
Struga sneg

Катастрофално лоша состојба во Струга. Синоќешните обилни врнежи на снег, го блокираа градот. Повеќето на стружани се жалат на неодговорното однесување на надлежните кои треба да излезат на улица и да го отстранат снегот, а дел од нив и во иронија кажаа дека е чисто само добро треба да се погледне. Во прилог на изјавите на стружани оди и сликата која ја регистрира нашата камера.
Покрај тоа што е отежнато движењето во сообраќајот, во центарот на градот се забележуваат ритчиња, кои најверојатно ги направиле граѓаните чистејќи го снегот секој од пред својот двор. На тротоарите пак има тесни патеки каде едвај можат да се разминат двајца минувачи. Надлежните никако да ја научат лекцијата како треба да се однсуваат во услови на обилни врнежи на снег. Секоја година се повторува истата работа-снегот не изненадува на сред зима. Во Струга снежната покривка измерена во утринските часови изнесувала 38 сантиметри. Многу струшки планински села се отсечени од градот и најверојатно таму состојбата е уште позагрижувачка.
Struga sneg

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top