Струга зад Охрид во туризмот

На саемите каде настапува Македонија, секогаш бил потенциран туризмот во Охрид а Струга била запоставувана, велат туристичките работници.

 |  Билјана Колоска  | 
tribina
трибинa

На саемите каде настапува Македонија, секогаш бил потенциран туризмот во Охрид а Струга била запоставувана, велат туристичките работници.

Струга заборавена на туристичките презентации. Претставниците од Макодонија, хотелиери, угостители и туристичките работници со присуството на светските саеми секогаш Охрид го презентираар  како главен туристички центар а Струга во тој поглед секогаш  била занемарена. На ова реагираат  туристичките работници од Струга.

„Ако Хотел Дрим  не присуствува на саеми тогаш никој нема да знае за Струга. Најчесто самостојно ги презентираат понудите на хотелските капацитети и туристичката понуда на градот и тоа трошоците се на наша сметка“-вели  Тања Огненоска менаџер во Хотел Инех Дрим.

tribinaОва го потврдува и претседателот на партијата ДОМ, Лилјана Попоска. „Од секогаш сум потенцирала дека Струга на туристичките презентации, европски или светски, неправедно сме ја заборавале а речиси  ги поседува истите убавини како и Охрид“-вели  Попоска. Верува дека на Струга и претстои голем развој во сверата на туризмот, но само доколку се вложат заеднички напори на граѓаните без разлика на верска или етничка припадност.

Струга е туристичка дестинација но со бројни недостатоци. Промоција на туризмот, издавање под концесија на плажите, категоризација на сместувачките капацитети како и  поставивање инфо центар,  се само дел од работите од кои директно зависи развојот на туризмот на Струга.

„Што се средат овие работи тогаш на влезот на градот ќе поставиме табла дека Струга е туристичко место за кое би можеле да гарантираме“-вели Зоран Стрезоски,  директор на Агенција за Туризам.

Ако досега локалната власт беше задоволна од туристичките сезони, доколку се средат овие приоритети тогаш Струга ќе има туристички бум, вели Стрезоски. Вети оти заедно агенцијата со локлната и централната власт како  и граѓаните, ќе направат напори Струга достоинствено да се претставува на туристичките саеми и да има успешни туристички сезони. Денес на оваа тема се дискутираше на трибина во Струга.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top