Струга имаше успешна туристичка сезона

Споредено со лани, годинава бројот на туристи кои ја посетија Струга е поголем, според угостителските работници.

 

 |  Билјана Ќосеска  | 
Машка плажа Струга

Процентуално, за разлика од лани, годинава бројот на посетеност е поголем, според угостителските работници. Тие велат дека ќе се залагаат да привлекуваат гости преку целата година.

Годинава за време на туристичката сезона, Струга се покажа како голем домаќин. Преполните сместувачки капацитети, потврдија дека градов имаше успешна туристичка сезона. Струга во текот на изминативе 90-сетина дена беше преполна со туристи.

„Овај град која располага со богати културни и историски  вредности, не само што е привлечен за гости од земјава, интересен е и за туристите  надвор од границите на Македонија“, велат од Локалната самоуправа од Струга.

„И покрај препреките од централната власт, уште еднаш докажавме дека знаеме како да ги пречекаме и истовремено привлечиме многу гости“, додаваат од таму.

Хигиената во градот за време на летната сезона, но и сега е на максимално високо ниво, а безбедноста е уште поголема. Од речиси финалните резултати задоволни се и угостителските работници. Процентуално, за разлика од минатата туристичка сезона оваа година, бројот е малку поголем,а  иста е состојбата и од финасиски аспект, велат од А.Д.„Хотел Дрим“.

Од „Хотел Дрим“ велат дека интензивно работат на продолжување на турисичката сезона. Наместо три, ќе вложуваме напори да ги привлекуваме  туристите девет месеци во годината. Се надеваат дека овие планови ќе бидат успешно реализирани, бидејќи како што велат, веќе за следната година имаат склучено договори за аранжмани, со гости од различни земји.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top