Струга станува небезбедана

Во градскиот пазар провалени два објекти, менувачница и парфимерија.

 |  Колоска Билјана  | 
eksponati
експонати

Во градскиот пазар провалени два објекти, менувачница и парфимерија. Направената штета е над илјада и петстотини евра

bizuterijaПровалени две простории во градскиот пазар. Синоќа засега непознати сторители насилно влегле во менувачницата и парфимеријата, лоцирани на самиот влез од пазарот. Никој ниту слушнал ниту видел во кое време од ноќта се случила кражбата.

„Мене ме информираа утринава дека насилно е провален објектот. Кога дојдов, полициски екипи правеа увид. Сите документи во менувачницата беа на подот, направена е шета од петстотини евра“-кажува сопственикот на менувачницата, Рузим Октиши.

Сеуште не знаеме дефинитивно што е украдено од менувачницата, дополнително треба да утврдуваат полициските екипи. За среќа сефот кој е со шифра не беше оштетен ниту пак беа одземени пари од него, кажува Октиши.
Поголема штета беше направена во другиот провален објект. Од парфиемеријата е украдена највредната бижутерија и оригинални козметички  производи.

„Покрај бижутеријата, одземени се и парите кои тука ги чувавме“-вели Беаре Дудуш, сопственик на парфимерија.
Во градскиот пазар ова е втора кражба во период од еден месец. Пазарџиите и сопствениците се едогласни дека безбедноста на  градскиот пазар е доведена во прашање.

„Пазарот воопшто не е безбеден, сите ние плаќаме за да се обезбедува просторот но тоа го прави само едно лице и факт е дека воопшто немоќе да го обезбедува целиот простор“-вели Октиши.

„Треба поголема безбедност. За повторно да не се случи истото мора поголема повеќе внимание да се посвети на сигурноста на пазарот“-истакна Дудуш.

Утринава на лице место увид направија екипи од ОВР Струга. Дополнително ќе се истражува кои се сторителите на ова кривично дело.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top