Иако вчера, дел се обидоа да бојкотираат, бидејќи не се воведе јазична смена, сепак денес речиси сите ученици се вратија на настава.
Иако вчера, дел се обидоа да бојкотираат, бидејќи не се воведе јазична смена, сепак денес речиси сите ученици се вратија на настава.
По вчерашниот бојкот на наставта од страна на дел од учениците македонци, денес речиси сите се вратија во училишните клупи. Ова го потврдија двајцата директори истакнувајќи дека учениците сфатиле оти реално во моментов нема услови за јазични делби. Вечера поголем дел од гимназијалците во „Ибрахим Темо“ од македонски наствавен јазик, во знак на незадоволство не сакаат да се вратат во клупите. Речиси истата ситуација, но со помал број ученици кои бојкотираа беше и во „Нико Нестор“. За разлика од вчера, денес ситуацијата е поинаква.Денес наставата се одвива нормално, информираат директорите. И двата училишни комплекси се под засилено обезбедување.
Денеска претседателите на сите класови беа повикани на уште еден состанок со директорите, со цел повторно да им се наметне реалната потребата од нормално одржување на наставата. Дека засега нема услови за ведување на јазични смени се инфорормирани и родителите. Ваквиот начин на одржување на настава ќе се применува се додека не се опремат неколкуте училници за гимназијата „Ибрахим Темо“. Тие се планираат да бидат во Бирото за враборување и училишниот интернат. Се очекува новиот начин на следење настава, односно воведување на јазични смени да се примени од почетокот на второто полугодие. Моментално евентуалните инциденти ќе се спречуваат со контролирање на учениците преку видео надзор и засиленото обезбедување.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град