За да се намали оваа појава, недостасува поголема ажурност од ресорното министерсво, советуваат невладините организации. Од министерството за труд и социјална политика пак велат дека со полна пареа работат на решавање на овој горлив проблем.
За да се намали оваа појава, недостасува поголема ажурност од ресорното министерсво, советуваат невладините организации. Од министерството за труд и социјална политика пак велат дека со полна пареа работат на решавање на овој горлив проблем.
Струга станува ризично подрачје во Македонија кога станува збор за трговијата со деца. Македонија не е повеќе земја на транзиција туку станува земја на потекло во злоупотреба на децата. Состојбата се повеќе се влошуваво земјава, и Струга покрај другите градови е место кое директно е инволвирано во вакви проблеми. Оваа го потврдуваат од здружението на зени, Езерка кои континуирано ја следат состојбата со трговијата на деца во градот.
Од министерството за труд и социјала политика велат дека состојбата во Македонија навистина е застрашувачка. Додаваат дека од таму засилено превземаат мерки за да се спречи ваквата појава. Настојуваме да ја потсетиме пошироката јавност дека превенцијата е многу важен сегмент во спречување на насилството, велат од миниостерството за труд и социјална политика.
Oд министерството елат дека во иднина ќе работат на имплементација на програмата за ресоцијализација и реинтеграција на децата жртви на трговија со луѓе. Од таму потенцираа дека приоритет ќе им биде и градење на капацитет на трудовата инспекција и нивно вклучување во борбата против трговијата со луѓе.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град