Во Струга, работа бараат околу девет илјади лица

Во општина Струга 8850 лица  бараат работа. Деловните субјекти очекувале во периодот од 2006 -2008, тенденција на зголемување на бројот на невработеноста.

 |  Валентина Нелоска  | 
nevrabotenost
nevrabotenost

Во општина Струга 8850 лица  бараат работа. Деловните субјекти очекувале во периодот од 2006 -2008, тенденција на зголемување на бројот на невработеноста.

Сепак статистичките податоци покажуваат намалување кое се должи на вработувањата пред се во малите претпријатија, вели  Владислав Жупан сектор за Локален развој Струга. Тој додава дека изготвиле анализа на локалниот пазар на труд и насоки од акциониот план по кој ќе  работат за понатамошно намалување на невработеноста.

seminar vrabotuvanjeВо општина Струга во Центарот за вработување се евидентирани околу 5000 невработени млади луѓе и тоа претежно од селските средини.   
Со Локалниот акционен план за вработување, локалната  самоуправа ќе ги користи сите расположливи ресурси за потикнување на вработеноста и креирање на нови работни места. Со акциониот план ќе се подржува бизнис заедницата за користење на пред пристапните ипа фондови. Инаку во општината најбаран кадар на пазарот на трудот се шивачките во текстилната индустрија.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top