Струга прва по смртност од корона вирусот во земјава, Охрид на шесто место

Здравствените работници причината ја гледаат во задоцнетотот барање на лекарска помош и коморбидитетите на пациентите. Од почетокот на пандемијата до изминатиот викенд во Струга како последица на компликации од ковид 19 починаа 85 , а во Охрид 49 лица.

 |  Соња Рилковска  | 

Здравствените работници причината ја гледаат во задоцнетотот барање на лекарска помош и коморбидитетите на пациентите. Од почетокот на пандемијата до изминатиот викенд во Струга како последица на компликации од ковид 19 починаа 85 , а во Охрид 49 лица.

Струга се уште прва по морталитет од корона вирусот. Охрид е на шесто место по смртност во земјава.

Една од причините е задоцнето барање лекарска помош, но и возраста и хроничните заболувања кај починатите пациенти. Во првиот пролетен бран во струшко имаше поголема смртност, луѓето не пријавуваа симптоми и не сакаа да се тестираат, сега ситуацјата е поинаква. Пациентите се посвесни за опасноста од болеста и при првите симптоми бараат лекарска помош.

Голем е бројот на лица коишто имаат интерес да се тестираат и уште при првите симптоми губиток на мирис или вкус, дали е тоа блага темппература доаѓаат на тестирање. 0059 Она што е сигурно е тоа што податоците кои се за Струга и морталитетот водат историја односно отекнуваат од пролетниот бран кога бројот на смртни случаи беше значително голем“, вели Сашо Точков раководител на ЦЈЗ Охрид.

Според статистиката на Центарот за јавно здравје динамиката на смртност во двата градови во вториот есенски бран е речиси идентична.

Во Охрид имаме зголемена смртност споредбено со првиот бран во пролетниот период се должи на повеќе фактори старосната граница на луѓето кој се тестриараат и покажуваат тешка умерено тешка клиничка слика и секако болестите со кои се справуваат во текот на својот живот значи коморбидитетите кои ги имаат те лица. Тоа е она шт го знаеме како статистика но најдобр може да кажат здравствените лица кои ги третират лекуваат “, додава Точков.

Од почетокот на ппандемијата до минатиот викенд како последица на компликации од корона вирусот во Струга починаа 85 лица, во Охрид 49.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top