Струга ја подобрува хигиената

Во соседна Струга подобрена сликата во однос на комуналната хигиена. Набљудување и следење на состојбата со јавната хигиена на терен, соработка со граѓаните, воочување на диви депонии, барање на сторителот, укажување на грешката, расчистување на депонијата, се само дел од неколкуте мерки кои ги примена новото раководство на ЈП „Комунално“, за почиста Струга.

 |  Николоска Биљана  | 
kontener
контенер

higiena strugaСтруга ја подобрува хигиената. Сега речиси и не може да се забележи неподигнат смет од контејнерите или расфрлан смет по улиците. Повеќето од граѓаните кои ги анкетиравме беа задоволни од грижата на ЈП Комунално Струга, за хигиената во градот.

Првиот човек на ЈП, Гарип Каба, вели дека со домаќинско работење и соработка со граѓаните, веќе резултатите биле видливи. Но според него тоа не е доволно и треба уште повеќе да се залагаат за градот да светне во пресрет на туристичката сезона.

Каба не крие дека на почетокот од преземањето на неговата обврска како директор, јуни месец минатата година, се соочил со големи проблеми наследени од бившото раководство на претпријатието, но одлучил проблемите да ги решава еден по еден. Тој е дециден дека со посветеност и сериозност пристапуваат кон оврските.

higiena struga

„Се надевам дека придонесовме за подобрување на чистотата во градот за понатака да продолжиме со посериозен пристап за поголема чистота во градот како дел од нашата обврска спрема граѓаните на Струга и пошироко, но исто така ние работиме за уредување и проширување на нашата дејност како ЈП“. – вели Каба.

Сепак стружани треба повеќе да ја ценат грижата и се она што ЈП го прави во однос на подобрување на комуналната хигиена во градот. Директорт Каба веќе имал одредена соработка со стружани, но сепак порача.

„Сакаме свеста кај граѓаните да биде поодговорна. Имаме посериозен пристап што се однесува до граѓаните кои треба да сватат дека чистотата пред се, не е дел само на ЈП како субјект, туку и на секој граѓанин кој треба да се грижи и на некој начин да придонесе за таа чистота. И ние секој ден макотрпно работиме тоа да го подобриме и на несовесните граѓани преку нашите служби во дадени моменти даваме  опомени“-кажа директорот.

higiena struga

Новото раководство во струшкото комунално претпријатие ги смири страстите и на вработените, кои за време на претходното раководсктово често штрајкуваа, организираа протести, поради нередовна исплата на плати.

Тој проблем веќе е надминат, тврди Каба. Но сепак директорот обелодена дека сеуште претпријатието се соочува со тешки финансиски проблеми наследени од претходниот директор, кој според Каба оставил еден невиден пустош во економското работење на ЈП.

Наследениот долг изнесува над еден милион евра, од кои само 30 000 евра е за неплатен долг кон ЕВН и над 20 000 евра за телефон, а додека останатите долгови биле со стотици илјади евра.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top