Струга отвора ново одделение

Општина Струга отвара ново одделение, обелоденува Роланд Амзаи од одделението за односи со јавност при Локалната самоуправа во Струга. Станува збор за одделение за млади, со што на струшката младина и се дава можност, полесно да ги реализира проектите и отворено да разговара за проблемите со кои се соочуваат младите луѓе во градот.

 |  Николоска Биљана  | 

Клучните проблеми на младите во Струга се исклученост од носењето одлуки на локално и национално ниво, огромна стапка на невработеност и непостоечко или партизирано младинско организирање. Овие проблеми ги делат речиси сите млади во Македонија. Младите стружани сакаат да бидат вклучени и во процесите на одлучување, да има плурализам во младински одлуки, односно нивно директно учество. Со цел да се излезе во пресрет на дел од потребите на младите стружани, Локалната власт донесе одлука за формирање ново одделение кое ќе функционира во рамките на Локалната самоуправа на општина, обелоденува портпаролот Роланд Амзаи.

„Ние ги правиме првите чекори и очекуваме овие денови, бидејќи Советот има изгласано нова систематизација, ново одделение за младите, каде што младината полесно ќе можат да ги спроведат проектите кои се поврзани со нивните проблеми“

Со отварањето на одделението за млади кое ќе функционира во рамките на струшката Локална Самоуправа се зацврствува нашата соработка, потенцира Катерина Талеска координатор од Центарот на заедницата. Додава дека младите мора да бидат консултирани и да им се даде право јавно да говорат за нивните проблеми, за да не се одалечат од општеството.

„Со новата систематизација ќе се отвори ново одделение за млади кое ќе биде насочено за подобрување на животот на младите во овој град, а исто така од страна на центарот за заедниците на општина Струга ќе се фасцилитира и процес на формирање и Комисија за млади во рамки на Советот на општина Струга, и исто така ќе биде побарано од страна на центарот во таа комисија да бидат двајца претстваници од страна на Советот за млади на општина Струга кој што моментално е во конструкција“

Талевска вели дека младите од Струга делат заеднички проблеми и треба заедно, младите и сите релевантни институции да се залагаат за нивно решавање. Со отворањето на одделението за млади предвидено е дел од младите да развиваат активна образовна политика, да промовираат еднакви можности за образование и културно осознавање нa младите сo цел поттикнување нa нивниот личен развој и развој во заедницата. Исто така младите треба да влијаат и во делот на интеграција во работниот процес без оглед на социо-културно потекло.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top