Струга го одбележа националниот празник, Денот на востанието

На денешен ден пред 69 години, на 11 Октомври 1941 година, во Прилеп и Куманово со првите партизански истрели на македонскиот народ и народностите се дигна сенародното востание против фашистичкиот окупатор.

 |  Валентина Неловска  | 
Borci Struga
Борци Струга

На денешен ден пред 69 години, на 11 Октомври 1941 година, во Прилеп и Куманово со првите партизански истрели на македонскиот народ и народностите се дигна сенародното востание против фашистичкиот окупатор. Тоа беше  пресвртница во македонската историја, од искра прерасна во оган, од кој бликна верба во успехот на вооруженото востание за социјална и национална слобода истакна од Струга, претседателот на Сојузот на борци, Ајредин Мемеди.
Покрај потсетувањето за овој значаен датум од македонската историја, неколку делагации од општествениот и политичкиот живот на Струга положија цвеќе во спомен Паркот на Револуцијата во Струга. На одбележувањето на Денот на револуцијата не беше забележано присуството на градоначалникот Рамиз Мерко и неговоите соработници од локалната самоуправа, нити струшките советници. Доделени беа благодарници за подржувачите на задачите на Сојузот на борците во негувањето на традициите од НОАВМ 1941 – 1945. Претседателот на Сојузот на борци, Мемеди ги потенцираше целите на оваа организација.
„ Сојузот на борците не се бори за власт,  но е заинтересирана за односот на секоја власт кон придобивките на НОВ“ истакна Мемеди.
Инаку, спомен Паркот на Револуцијата во Струга, кој се наоаѓа во строгиот центар на градот денес  беше  во очајна состојба. Негрижата на институциите кон него е очигледна. Комуналните служби не се ни потрудиле да го зачистат просторот. Доказ дека се запоставува историското минато на градот  се искршените плочи и наоколу  расфрланиот смет.
Оние кои го положиле својот живот за слободата на Македонија заслужуваат поголема почит од нас кои денес ги уживаме плодовите на нивната борба и погибија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top