Струга ја очекуваат големи инфраструктурни вложувања

Време е Струга да тргне во вистинска насока. Проектите и средствата се тука, се чека само нивна реализација, истакна Миле Јанакиевски, Министерот за транспорт и врски. Тој денес беше во посета на Струга, за да му даде поддршка на заедничкиот кандидат за градоначалник Д-р Владимир Кочоски.

 |  Николоска Биљана  | 
parking
паркинг

vlagomileНема да има паркинзи во централното градско подрачје, најави д-р Владимир Кочоски, заедничкиот кандидат на „Сојузот за Струга, доколку ја стекне довербата на стружани за наредните четири години. Кочоски во својата програма предлага нова сообраќајна студија со современи решенија, изградба на катни гаражи, широки и асфалтирани улици, функционален влез и излез во општината, со еден збор кажано се тоа изработено по европски терк.

„Во моментов во четригодишниот мандат предвидено е решевање на овие проблеми со изградба на неколку катни гаражи, со пробивање и проширување на голем број улици, континуирано одржување и асфалтирање на истите со што Струга ќе биде место какво што ние го посакуваме и заслужуваме, но ќе биде и место кое туристите ќе го паметат и споменуваат по неговата автентичност, по неговата природна убавина“.

Кочоски нагласи дека бројни се проблермите од урбанистички карактер со кои се соочуваат стружани. Додаде дека нивниот карактер не е од национална, политичка или верска природа и оти мора да се решат според плановите за развој на градот.

„Во програмата која ја понудив на Вас граѓаните на Струга стои дека ќе предложиме нови урбанистички решенија за градот Струга, а посебно за крајбрежното подрачје со што ќе ставиме крај на узурпацијата на брегот на Охридското Езеро и овој дел од  Струга ќе го направиме за уживање на сите а и за потенцијалните туристи. Овде морам да напоменам дека со овој план ќе го решиме долгогодишниот проблем кој го имаат спортските клубови од Струга со имотот кој го користат, а со тоа ќе им дадеме можност да работат, да остваруваат големи спортски резултати“.

parkingКочоски е убеден дека проектите кои ги ветува на стружани и ќе ги реализира бидејќи позади него стои поддршката која ја добиваат од Владата на Р. Македонија. Тоа го потврди и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

„Денес сум тука во Струга да дадеме поддршка на кандидатот за градоначалник г-динот Владимир Кочоски. Сакам да истакнам дека разговарвме за изградба на повеќе инфраструктурни објекти кои идниот градоначалник на Струга заедно со Владата на Република Македонија ќе ги реализира. Еден од поголемите и посуштински проекти кој ќе започне со реализација оваа година изградба на патот од селото Велешта кон Октиси во должина од 2, 24 км, средствата од околу 15 и пол милиони денари веќе се обезбедени“.

Јанакиески признава дека досега имале слаба соработка со актуелниот градоначалник. Голем број проекти и покрај што за нив биле обезбедени средства, воопшто не биле  реализирани или тоа се правлео со бавно темпо. Очекувањата на Јанакиески се доколку Кочоски седне на градоначалничката позиција, многу проекти за брзо време да се реализираат, секако со поддршка на Владата, како градот би заживеал.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top