Струга не е подготвена за развој на општината

Нема конкретни готови проекти кои треба да се достават до министерството за економија, со цел предвреме  да се изработи  годишниот буџет на општината.

 |  Билјана Ќосеска  | 
opstina Struga
општина Струга

Нема конкретни готови проекти кои треба да се достават до министерството за економија, со цел предвреме  да се изработи  годишниот буџет на општината.

Економскиот развој на општина Струга доведен до прашање. Министерството за економија воведе нов начин за изготвување на општинскиот  буџет. Ресорното министерство  бара од секоја општина да достави план и програма со конкретни проекти за развој на градот за наредната година. Рокот до кога треба да се аплицира во ресорното министерство е 15-ти Ноември. Ова е речиси невозможен термин за доставување на потребната докумнетација, вели секретарот на о.Струга. Пред се проблем се проектите. Општината треба да достави готови и конкретни проекти во кои би вложувале средства. Струга  не е подготвена за имплементација на овој начин. Во моментоив располага со неколку проекти и тоа поголем дел се однесуваат  на комуналното и инфраструктурното уредување.

„Во моментов ги имаме само тие неколку проекти кои се однесуваат на инфраструктурата и комуналното уредување, дел од нив се веќе започнати“-вели Зоран Гулицоски, секретар на општина Струга.

StrugaКонктерно Струга има потреба од инвестирање во образованието и социјалата, но за жал во моментов нема конкретен проект за таа намена, вели секретарот.  Овој начин на функционирање на секоја општина е добар и најсоодветен, но факт е дека сите градови ќе наидат на хендикеп во нивниот начин на работење, бидејќи многу проекти кои ќе произлезат во текот на годината нема да можат да се реализираат, додава Гулицоски.

„Не може да се започне друг проект во 2009-та година доколку не е донесен со одлука на совето на општина Струга. Не може да се распише тендер за асвалтирање на улици во текот на таа година, доколу не е предвидено во планот за развој на општината“ додава  Гулицоски.

Тој вели доколку министерството им даде можност на општините  во текот на 2009-та година да можат дополнително да вметнат проекти, тогаш во градот би се почувствувал економскиот развој. Секретарот се надева дека  до крајот на месец Ноември во целост ќе биде изготвен планот и програмата за развој на општината и доставен до ресорното министерство.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top