Струга во мрак

Уличното осветлување на некои места функционира, некаде само се  импровизира, а на многу места светлечките реклами на фирмите спасуваат ситуација. 

 |  Билјана Николовска  | 
Struga vo mrak
Струга во мрак

Внимавајте темница!

Вака во последно време предупредуваат стружани незадоволни од уличното осветлувањ во градот. Се поголем e бројот на јавувања на мештаните на оваа општина до нашата редакција во врска со ова прашање. Градоначалникот Рамиз Мерко убедува дека тоа не е точно. „Не е вистина дека нема улично осветливање во Струга. Ние имаме специјални служби кои исклучиво се занимаваат со овој дел“, вели Мерко. Очигледно тој треба и во ноќните часови да прошета низ струшките улици, лично да се увери каква е реалната состојба на терен.
Како дел од осветлувањето во градот се и сигнализационите уреди, семафорите. Во Струга дваесетина години наназад никогаш не светна црвеното светло за стоп и зеленото за слободно поминување. Градоначалникот Рамиз Мерко вели дека семафорите на некои критични раскрсници во градот пречат и не овозможуваат регулирање на сообраќајот.
Но Мерко ја скрои судбината на сите семафори во градот. Тој смета дека воопшто на Струга не и требаат сигнализациони уреди.
Нефункционирањето на семафорите во Струга како проблем се провлекува години наназад. Како една од главните причини за тоа беше што своевремено не била исплатена во целост сумата за нивно ставање во функција, на фирмата задолжена за тоа, од страна на Агенцијата за патишта. Градоначалникот Мерко потврди дека надминати се некогашните недоразбирања кои ги имале со Агенцијата за патишта односно исплатен е двотретинскиот заостанат долг кој Мерко го наследил.
Сепак останува нејасно зошто семафорите во Струга, сеуште не се во функција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top