Поетите од сите континенти, меѓу кои и годинешниот лауреат словенечкиот поет, Томаж Шаламун, големиот број гости и почитувачи на поезијата, ги поздрави, и вечерите за отворени ги прогласи Министерот за култура Елизабета Канческа Милеска. „Да посакаме сите мали и големи јазици на светот да бидат велесила на уметничкиот збор затоа што само тоа ја брани идејата на човечката надеж и вечност во цивилизациската меморија, истакна при тоа Милеска.
Струшките вечери на поезијата станаа симбол на овој град и голем празник за сите нас, кој ги облагородува нашите души, ги поздрави поетите од светот и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Поетите од целиот свет продолжуваат да ја пренесуваат пораката за мир и пријателство, а на тие му го подарија на овој град најубавиот јазик-јазикот на поезијата рече Мерко.
Специјален гостин на отварањето на Струшките вечери на поезијата беше светски познатиот пијанист Симон Трпчески, кој одржа концерт, а во музицирањето му се придружи и виолинистот Ѓорѓи Димчевски. Се одржа и традиционалното поетско читање Поетски меридијани , а беше преставен и сенегалскиот поет Осман Сар, добитник на наградата на Унеско, „Струшки мостови“.
Вечерва во Заливот на коските, кај Градиште ќе биде преставена Норвешката поезија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град