Струга за економски развој на градот аплицира со 35 проекти

Мнозинството се однесува на инфраструктурно уредување. Советниците реагираа  на многу пропусти.

 |  Билјана Ќосеска  | 
opstina Struga
општина Струга

Општина Струга преку  35 проекти ќе  инвестира  за економскиот  развој на градот. Над 50% од нив се однесуваат на инфраструктурното уредување. Локалната самоуправа има план да инвестира во изградба на канализациони мрежи во повеќе струшки села. Дел од проектите се однесуваат на асвалтирање патишта во руралните средини, осветлување на улиците како и изградба на пешачка зона по реката  Црн Дрим. На неодамнешната седница се расправаше за оваа предлог одлука. Советниците има бројни забелешки по оваа точка. Реагираа зошто не биле граѓаните вклучени за да учествуваат со свои проекти кои според нив се приоритетни и можат да повлијаат за економски развој на општината.

Секретарот на о.Струга на советниците им појасни дека  аплицирале со овие проекти  бидејќи во моментот само тие им биле на располагање.

opstina Struga„Сите проекти беа готови но има и такви кои ќе се довршуваат во текот на 2009-та година. Имаме можност да ги дополниме истите“-вели  секретарот Зоран Гулицоски.

Општината настапи со овие проекти по барање на Министерството за економија, кое  воведе нов начин за изготвување на општинскиот  буџет. Ресорното министерство  бара од секоја општина да достави план и програма со конкретни проекти за развој на градот за наредната година. Рокот до кога треба да се аплицира во ресорното министерство беше 15-ти Ноември, но бидејќи опшините не беа подготвени, терминот се пролонгира. Секретарот вели, доколку овие проекти се реализираат во целост, тогаш видлив би бил економскиот развој на Струга.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top