Струга ќе добие нови регистерски таблички

Од денес влегува во сила правилникот за новата форма и содржина на регистерските таблички на сите моторни возила. Според него, ќе се менуваат табличките на целата територија на Република Македонија.

 |   | 
koli
автомобили

koliОд денес влегува во сила правилникот за новата форма и содржина на регистерските таблички на сите моторни возила. Според него, ќе се менуваат табличките на целата територија на Република Македонија.

Според него, ќе се менуваат табличките на целата територија на Република Македонија. Табличките ќе се издаваат по барање на граѓаните, а задолжително при првата регистрација на моторно и приклучно возило, при промена на регистрационо подрачје и при замена на изгубена регистерска табличка. Промената ќе важи и за пробните таблички.

Под моторни возила спаѓаат автомобилите, камионите, тракторите, мопеди, мотоцикли, трицикли, приклучни возила… Нови таблички ќе имаат и работните машини и мотокултиваторите, како и езерските пловила.
StrugaСо новите таблички се воведуваат и седум нови, таканаречени регистрациони подрачја. Тоа значи дека нови регистерски таблички за возилата се воведуваат на име на седум градови: Гевгелија, Кавадарци, Кочани, Кичево, Крива Паланка, Радовиш и Струга.

Тоа подразбира дека нововедените региони ќе имаат задолжителни нови регистерски таблички.
Старите регистрации беа (и остануваат) на Битола, Велес, Гостивар, Куманово, Охрид, Прилеп, Скопје, Струмица, Тетово и Штип. Од поголемите места без сопствени таблички остануваат Ресен, Дебар, Делчево, Кратово, Свети Николе.
Новите таблички нема да бидат трајни како досегашните. Тие ќе се менуваат на секои седум години.

Новиот правилник предвидува воведување регистррска табличка со ознака или име по желба на самиот сопственик, како што има практика во многу земји. Таа табличка ќе се прицврстува исклучиво на предниот дел на возилото, а на задниот ќе има нормална. Таквата предна табличка ќе може да биде испишана со најмалку три, а со најмногу десет букви или бројки во црна боја. Натписот на таквата регистерска табличка не ќе може да биде провокативен, неетички или спротивен на правниот поредок на Република Македонија.

Цената на промена на нови таблички не е утврдена, но се претпоставува дека таа операција, сопствениците на возилата ќе ги чини околу 50 евра.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top