Струга, див запад

Архивата и дел на инвентарот од НВО „Езерка“, се најдоа надвор од работните простории. Од таму велат дека не биле известени што во моментов се случува во деловните простории кои ги користеле 11 години, а од локалната тврдат дека уредно биле известени.

 |  Билјана Николоска  | 
NO Ezerka
НО Езерка

Цела година оневозможен пристап до раборните простории. Станува збор за деловните простории кои 11 години ги користеле двете струшки невладини организации: „Езерка“ и „Енхалон“. Влазната  врата беше заклучена со катинар и незнаевме кој тоа го направи, вели Драгица Павлеска Попеска од „Езерка“. Таа додава дека само два пати успеале да влезат и да земат од нивната архива, а се друго останало на милост на новиот сопственик. Но, сега воопшто неможат да влезат бидејќи односите со новиот сопственик биле ладни дури и агресивни, вели Попеска.

Нашите работи од пред три дена се наоѓаат надвор од работните простории и многу нешта недостасуваат од инвентар, вели Попеска. Таа додаде дека човекот кој се претставува како сопственик се дрзнал и има кажал дека дел од инвентарот го фрлил на губриште.

Од Езерка велат дека не сакаат да дојде до нарушување на меѓуетнички и меѓучовечки односи. Нивниот заеднички став е дека не треба да се изнесуваат архивски работи од страна на непознато лице кое не е овластено за тоа. Исто така бараат се што недостасува да се надокнади, бидејќи како што рече Попеска, ова не е див запад каде некој очигледно си зема право да расфрла работи кои не се негови. Овде се покажува сила на моќ, дрскост и нецивилизација, наспроти нашиот културен и мирољубив однос, додава таа. Идентичен е ставот и на НВО „Енхалон“, од Струга.

zgradaСлучајот со работните простории на дел од струшките невладини организации го појаснува градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко. Според него состојбата е кристално јасна, просториите во градскиот пазар до пред една година биле сопственост на општина Струга, но поради кредитно задолжување на општината, ги презела Стопанска банка, која пак понатаму ги дала на лицитација.

Градоначалникот уверува дека не би требало да се креваат непотребни тензии на засегнатите страни и оти лично тој ќе се погрижи на мирен начин да се надмине проблемот. Поточно се што припаѓа на невладиниот сектор да се најде во нивни раце, за да може новиот сопственик да си го реализира својот план, бидејќи тој го купил деловниот простор. Вакви простории во струшкиот пазар има 25.

 {loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top