Делови од Струга повторно без вода во овие пеколни горештини кога живата на термометарот се искачува над 40 степени. Од МЈП Проаква Р.Е. Водовод Струга не ветуваат дека проблемот набрзо ќе биде решен. Стружани за утре најавија протест пред Проаква во 14часот.
Слабиот притисок на водата за употреба или воопшто немање вода дури и по десет часови на ден е реален пробем со кој се соочуваат стружани години наназад. Проблемот за жал е присутен и оваа сезона, посебно во третиот и четвртиот реон на општина Струга, односно на потегот од Основниот Суд до факултетот ФОН. Од Р.Е. Водовод Струга, со оправдување, но не и со конкретно решение дека проблемот може да се надмине.
„Изворите се драстично намалени посебно изворот во Шум и Горна Белица. Втор проблем е ненаменски користење на водата за поливање на зелени површини и миење возила, а најголем проблем е наплатата, и долгот на граѓаните и фирмите е околу 3 милиони евра, доколку ги имаме тие средства ќе ја обновиме мрежата во Шум за подобро водоснабдување“
Докоски открива кои делови од водоснабдителниот систем се најкритични во струшкиот регион и признава дека во градот неизводливо е да се спроведат рестриктивни мерки.
„Рестрикција на вода имаме во Горно и Долно Татеши тие се крајни точки и најзагрозени во моментов за водоснабдување и таму имаме поставено дежурен човек кој што управува со вентилите. Во градов нема рестрикција и многу е тешко да се направи бидејќи системот е прстенест така што ако се затвори на еден крај ќе оди на другиот и обратно.
Пумпната станица во Шум е изградена 1978 година и во последните 15 години воопшто не е репарирана. Што се однесува до изворите во Горна Белица нивната издашност оваа сезона заради промената на климатските услови е многу слаба. Исто така пресушени се и бунарите и јавните артерски чешми во струшко според информациите од граѓаните.
Стружани за утре најавија протест пред Проаква во 14часот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град