Во рамките на проектот „Зголемување на енергетската ефикасност и употребата на обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион“, утре во Струга, во времето од 11 до 15 часот, на специјално поставен штанд пред хотелот Београд, во старата чаршија, граѓаните ќе можат да се информираат за придобивките од користењето на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност преку бесплатни инженериски совети и промотивни материјали.

Овој отворен ден е прв од низата отворени денови кои ќе се одвиваат во текот на месец јули во рамките на овој проект. По отворениот ден во Струга следат уште два и тоа во Дебар и Охрид. Настаните се дел од втората активност на проектот со цел промоција на енергетската ефикасност и користењето на обновливите извори во Југозападниот плански регион на Македонија.
Настанот е во организација на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ и Центарот за развој на југозападниот плански регион, а е поддржан од Општина Струга.
Проектот е финансиран од Европската Унија како дел од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија. Водечки партнер на проектот е „Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ“ во партнерство со „Центарот за развој на Југозападниот плански регион“ од Република Македонија и „Албанија-ЕУ Центар за енергетска ефикасност“ и Регионалниот совет на Корча од Република Албанија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град