Кризниот штаб на Општина Струга смета дека епидемиолошката состојба во градот не дозволува настава со физичко присуство. Предлагаат учебната година да започне на 20-ти септември.
Кризниот штаб на општина Струга бара одлагање на почетокот на учебната година. На синоќешната средба од страна на директортите на основните и средните училишта со претставници од здравствените установи и градоначалникот заклучија дека епидемиолошката состојба во општината е неповолна.
Состојбата е полоша од претходната година и затоа бараат почетокот на учебната година да биде пролонгиран, односно наместо на 1-ви наставата да започне на 20 септември. Сметаат дека почеток на наставата преку on-line предавања е невозможна бидејки училиштата не се подготовени.
Со оглед на тоа дека се предложи да се зпаочне со онлајн настава но директоритте на училиштата кажаа дека не се подготвени и нема услови за тоа , така што е поднесено барање од општина Струга до комисијата за заразни болести и до соодветните министерства до минисетсртвото за здравство и министерството за образование и до Владата за да се пролонгира – вели Беса Зиба портпарол на општина Струга.
Во Струга се прават од 100 до 120 тестови дневно, секој четврт резултат е позитивен на ковид 19, а моментално хоспитализирани се 39 лица во Општа болница Струга и седум во Завод за нефрологија.
Во последните две недели имаме еден констатантен број на пациенти кои што се хоспитализирани во нашата болница и бројот се движи во рамки на една права линија.0248 Моментално бројот на дневни посети во нашата амбуланта се движи 100 до 120 пациенти дневно, додека домашните ординирања на терапија имаме околу 70 пациенти во домашни услови – вели Арменд Арслани директор на болница Струга.
Кризниот штаб барањето за одлагање на почетокот на учебната година го правдаат со образложение дека учениците со физичко присуство постојано ќе бидат во контакт, особено за време на одморите и при транспортот кога патуваат од руралните средини.
Струга денес чека одговор на поднесеното барање за пролонграње на почетокот на учебната година.
Новинар – Соња Рилковска
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град