Ќе се стави ли клуч на вратата на „Мајски Цвет“

Вработените нема да останат на улица, одморалиштето ќе функционира но како приватна установа, вели директорот.

 |  Билјана Колоска  | 
Majski cvet
Мајски Цвет

Вработените нема да останат на улица, одморалиштето ќе функционира но како приватна установа, вели директорот.

Majski cvetШто се случува со детското одморалиште „Мајски Цвет“? Оваа тема деновиве е актуелизирана во струшката јавност. Со уписите на факултетите со дисперзирани струдии кои се сместени во објектот на одморалиштето, меѓу стружани се шпекулира дека ќе се стави клуч на вратата на „Мајски  Цвет“. ТВМ неофицилано дознава дека неодамна Владата донесе одлука овој објект да биде под капа на министерството за образаование. Избори за ТВМ велат дека на оваа одлука од детското одморалиште се жалеле до апелационен суд.  Сега, како што информира директореот на детското одморалиште, објектот е поделен. Делот од министерството за образование е наменет за факултетите со дисперзирани струдии додека другиот дел останува за детското одморалиштет, вели директорот на „Мајски Цвет“.

„Ние остануваме да функционираме како приватна установа. Ние имаме склучено управен договор со Владата па затоа не е ставено во прашање опстојувањето на одморалиштето. Вработените нема да останат на улица“-вели директорот Јован Паскоски.

Детското одморалиште рабори со полна пареа. Деца имавме преку цела година, посебно во летниот период. Со еден збор, вели директорот, на градот Струга му е неопходно да има детско одморалиште.

„Во охридско-струшкиот регион  остана уште ова детско одморалиште. Невообичаено ни е што Владата превзема вакви активности,  со кои им се ускратува можноста на децата да има соодветно место каде би можеле тие да уживаат“-вели Паскоски.

Директорот предупреди оти Детското одморалиште воопшто не соодејствува со потребите за факултетите.
Владата  планира тука да функционираат дисперзирани студии а  објектот не ги исполнува основните критериуми тука да се изведува настава, додава Паскоски. Но ако тоа е политика на Владата тука нема што да правиме, важно е да не извисиме ние како детско одморалиште, потенцира директорот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top