Старите тезги на исто место

Струшкото шеталиште и годинава со старите тезги.

 |  Татјана Маленкова  | 
tezgi
тезги

Јавното комунално претпријатие наместо со шминкање на тезги, ќе работи на приоритетите на претпријатието, вели директорот Патко Кутаноски.  

tezgiНовогодишни  реквизити и годинава ќе се продаваат  на тезги распоредени в долж на  струшката чаршија.

„Годинава локалната самоуправа има поинаква стратегија за украсување на градот, па поради тоа ќе почекаме општината да заврши со украсувањето за да не дојде до дисхармонија на шетачката зона“, вели директорот на Јавното Комунално претпријатие, Петко Кутаноски.

Директорот на Јавното Комунално претпријатие,  истакна  дека во соработка со комуналните инспектори при општина Струга, водат сметка при декорирањето  да не се ремети нормалниот тек по чаршијата.
Инаку идејата дека годинава тезги со новогодишни реквизити ќе се постават и по кејот на Дрим, пропадна во вода. Само за потсетување дека имаше и ветувања
Дека се прават напори за поставување на совемени дрвени тезги. По се изгледа за овој зафат ќе почекаат и тезгаџиите но и граѓаните.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top