Вевчани годинава ќе добие Музеј на вевчанската култура и уметност и музеј на маски. Старото и руинирано училиште во центарот на Вевчани ќе прерасне во современ Музеј, каде ќе бидат сместени бројни поставки со делата на сите вевчански културни дејци кои оставиле белег во македонската култура и уметност, како што најави градоначалникот Цветомир Угриноски.
Старата училишна зграда во Вевчани, изградена во далечната 1949 годна, ќе се реконструира и преадаптира. Многу вевчанци растурени насекаде низ светот биле заинтересирани за таа некогаш велелепна градба изградена од вевчанци со свои средства и доброволна работна рака, која ги потсетувала на незаборавните школски денови, вели градоначалникот Цветомир Угриноски. Тој кажа дека целиот проект за старата училишна зграда бил комплетиран, како инвестиција кошта 650 000 евра и веќе почнале да работат, а се надеваат дека тука и Владата ќи им излезе во пресрет .
„Ќе ни помогне да таа училишна зграда ја направиме. Таа ќе биде со повеќе намени, сите прашуваат што ќе има во неа. Рачунаме тука да ги сместиме двата музеи, на маски и на нашите уметници од Вевчани кои се преку 30, писатели, историчари и други луѓе кои работеле во културата доста од нив се покојни“ – вели Угриноски.
Во просториите на старото училиште на поткровјето ќе се направи и Конгресна сала, а тука ќе се најде и општинската администрација која ќе биде во една голема просторија. Во Музејот ќе има и просторија на МАНУ. Угриноски најави и уредување на центарот на Вевчани.
„Веќе работиме проект за центарот на Вевчани, кој ќе биде на три нивоа од тој проект се предвидени 300 паркинзи за коли а над тоа ќе биде плоштадот. Тоа ќе биде на локацијата каде што е сега спортскиот полигон. Тој проект се работи и мислам дека до крајот на мојот мандат ќе се реализира“ – изјави Угриноски.
Во развојната програма на општина Вевчани за 2015 година планирано е и доизградба на кејот на Вевчанска река, а во завршна фаза била и изградбата на крак од регионалниот пат „Вевчанка – Здравствен дом „Светозар Чочороски“. Годинава според најавите на Угриноски ќе работат и на подобрување на патната инфраструктура на постоечките десеттина улици.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град