Општина Струга во Новата 2012 година ќе влезе без буџет. Останува уште една шанса, потоа следи црвен картон за советниците или распуштање на ова тело. Струшките советници ниту денес на утринското продолжение од 35 тата седница не го поддржаа предлогот на градоначалникот Рамиз Мерко за буџетот на општината за 2012 година, кој тежи околу 13 милиони евра и е за 200 000 евра повисок од минатата година. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, вели дека лошо е што политиката вмешала прсти на место каде што нема потреба, посебно тоа не треба да се прави кога е во прашање буџетот на општината за наредната година.
Иако малку е нелогично три месеци една општина да функционира без буџет, очигледно градоначалникот Мерко за овој период има резервен џокер во рака.
Поголемиот дел на советниците уште на седницата која се одржа на 28 декември ги изнесоа низата забелешки во врска буџетот за 2012, двата коалициони блока ДУИ и ВМРО – ДПМНЕ, дури и некое време се сепарираа за да постигнат некаков договор, но очигледно се тоа не вроди со плод.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град