Традиционално и годинава по петти пат во колеџот Јахја Кемал во Струга се одржа спортскиот турнир во кошарка и одбојка. На утакмиците продефилираа околу 750 ученици од Основните училишта од југозападниот регион на земјава, кои покажаа квалитет во спортската игра што е услов, тие да прераснат во врвни спортисти, велат организаторите.
70 основни училишта со околу 750 ученици од југозападниот регион на Македонија си ги одмерија силите, машките во кошарка, а девојките во одбојка. Годинава по петти пат се одржа спортскиот турнир „Јахја Кемал 2014“. Коста Хиохи професор по фискултура нагласи дека турнирот бил поделен на етапи, за да се одберат најдобрите.
„Секоја година сме побројни, годинава можеме да се пофалиме со навистина квалитетен турнир, видовме дека децата покажаа огромно познавање во спортската игра машките во кошарка девојките во одбојка, покажаа еден голем фер плеј што навистина е да кажам услов понатака тие да бидат врвни спортисти“ – вели Хиохи.
Организаторот, колеџот Јахја Кемал и за годинешната едиција на Спортскиот турнир „Јахја Кемал 2014 год“ обезбеди награди за најдобрите.
„Значи има награди специјални кристални плакети изработени со логото на нашето училиште, медали за најдобрите парични награди за професорите и учениците, значи се на се еден прекрасен турнир со една прекрасна стимулација, пред се за дружење а и за наградите кои треба да го доделиме“ – нагласува Хиохи.
Финалниот меч во кошарка го одиграа екитите на О.У. Јосип Броз Тито од Струга и екипата на О.У. Климент Охридски од Битола, а победата ја понесоа битолските кошаркари. Додека пак во одбојка победи битолскот училиште „Елпида Караманди“ кои ги победија охридските одбојкарки од О.У. „Братство и Единство.“
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град