Кај спорниот плац до „Адмирал“ ќе се гради црква

Верниците покренаа сериозна иницијатива за изградба на Св. Богородица Пречиста.

 |  Билјана Колоска  | 
vernici
верници

Верниците покренаа сериозна иницијатива за изградба на Св. Богородица Пречиста.

vernikТрудот и упорноста на стружани се исплати. На спорното ваковско земјиште кај плацот на Адмирал ќе се гради црква. Иако ова е само иницијатива, граѓаните веруваат дека во иднина ќе стане реалност. Привремениот монтажен објект во кој стои иконата на Богородица е место каде верниците секојдневно одат  и се молат за здравје и среќа. Би се радувале доколу тоа во иднина го правиме на достојно место, односно во црква, велат тие.

„Овде од секогаш имало црква така и ќе остане“-велат граѓаните.

„Досега успеавме да собереме одредена сума на финансиски средстава. Со тоа што граѓаните секојдневно тука палат свеќи и оставаат пари за здравје собрани се околу 2 илјади евра.Тие средства се чуваат на посебна жиро сметка и планираме да ги искористиме за изградба на црквата св Пречиста“- вели Јосиф Белевски.

Единствено прашање кое го поставуваме е колку лесно ќе  успееме да го  реализираме овој план, додава Белевски.
Во моментов ќе се посветиме на иницијативата за возобнонување на Св. Пречиста, Св. Варвара ќе не извини, но неможеме да војуваме на повеќе фронтови, доволно е засега барем една цркава да изградиме, вели Белески.  
Дека намерите на стружани се крајно сериозни докажува и петицијата која денес се потпишуваше. Граѓаните својот потпис со податоци од раѓање го дадоа на денешната свеченост која се одржа на ова место, за одбележување на денешниот празник Св. Богородица-Пречиста.

„На скоромен начин и годинава го одбележуваме овој празник, колку да ен се одмине“-исткна Белески.
Присутните веруваат дека до година овој празник ќе се биде одбележан на повисоко ниво,  и дека бројот на верници ќе биде уште поголем.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top