Изминаа 70 години од смртта на Д-р.Никола Незлобински. По повод овој јубилеј, музејот кој го носи неговото име подготвува скромно одбележување, кое ќе се одржи на 26ти мај.
Стружани скромно ќе го одбележат големиот јубилеј, 70 години од смртта на Д-р.Никола Незлобински. Неговото име е тесно поврзано со почетоците на музејската дејност во Струга, бидејќи тој е човекот кој ги отвора вратите на првата музејска збирка, со што биле поставени основите на музеологијата во Македонија. Финишираат подготовките за одбележување на овој јубилеј, вели директорот на Музејот, Сашо Цветкоски. Тој додава дека единствено Министерството за култура донирало средства за одбележување на овој јубилеј, а со дел од средствата била подготвена спомен собата на Д-р.Никола Незлобински.
„Свечена академија ќе имаме сега на 26, тоа е една целодневна програма со која што ќе го одбележиме настанот. Спремаме прва сеопфатна монографија за Незлобински, како и книга раскази и есеи“.
Граѓаните преку разни форми изнаоѓаат начин за да го испочитуваат делото на Незлобински, објаснува Цветкоски. Тој воедно во кратки црти го опиша огромното значење и придонес на Незлобински, посебно за Струга, кое не се состои само во музејската дејност.
„Неговата важност е тоа што тој носи цивилизацискли вредности во Струга. Тој првин ја сузбива маларијата, второ тој негов маларичен диспанзер прераснал во Здравствен дом, тој ги стави темелите. Првата електрична централа тој ја монтирал во Струга со негови колеги од Русија“.
Цветкоски вели дека уште многу треба да направат за да му се оддолжат на Незлобински, но не им дозволува тенкиот буџет. Имале идеја да направат бронзена биста, но поради ограниченост со средства не успеале тоа да го реализираат. Па оттука Цветкоски порача, дека општината и Советот треба со финансиска поддршка директно да се вклучат во одбележување и верификација на вакви дела, бидејќи ова се прави во името на Струга.
Денес, 70 години подоцна, Музејот во Струга претставува современа институција во чии рамки, освен биолошкиот оддел кој се грижи за природонаучната збирка, делува и археолошкото, етнолошкото, историското и ликовното одделение со Галеријата на Вангел Коџоман.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град