Спaсени трите лица кои беа завеани во Ржаново

Спaсени трите лица кои беа завеани во  Ржаново.

 |  Јаковлева Лионела  | 
zaveani
zaveani

Спасени три лица завеани во струшкот село Ржаново. 15 годишниот Цветан, татко му Горан и  неговиот стрико Тоде Кузманоски во претпладневните часови беа извлечени од завеаното село со интервенција  на хеликоптерската служба на МВР.  Кузманоски од неделата беа во селото и не можеле  да се пробијат до Струга од високите снежни наноси, а операцијата за извлекувањето била успешна.  
sneg

„Струја нема 3-4 дена , телефоните ни се испразнија, не можевме да контактираме. Метро и нешто има снег, движењето е ограничено само околу куќа , тоа што беше за јадење се изеде“, изјави Горан Кузманоски .   
„ Немaше доцнење на хеликоптерот, не можеше да слета, прво кај локацијата кај црквата не беше достапна. Излеговме на ридот каде што беше порамно , но понапорно за одење затоа  што беше голем снегот“, додаде  Тоде Кузманоски.       

Кузманоски имаа среќа и се извлечени од завеаното село.

 

 

zaveanizГрадоначалникот на Дебрца , Игор Трајкоски  јавува  дека има 2000 отсечени жители во нивната  општина. Македонија пат не го исчистила регионалниот  пат иако е во нивна надлежност, а три дена   нема струја и телефонски врски, укажува Трајкоски.

Во охридскиот регион во моментов стигнуваат информации за отсечени жители од Ливоишта. Тие јавуваат дека  три дена се без струја, има 13 паднати бандери,а  службите  од ЕВН само направиле увид. Синоќа населението сами го пробивале патот  до Косел.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top