Средба на градоначалникот и иницијаторите за поставување икона на спорниот паркинг плац

Kажа дека  не завзема ничиjа страна и оти не сака да дојде до инциденти.

 |  Билјана Ќосеска  | 
krst
крст

Иницијаторите за поставување на иконата на Св.Богородица кај спорниот паркинг плац кај Адмирал седнаа на маса со градоначалникот Рамиз Мерко. Сакаа лично да се уверат дали под негова директива настана вчерашното недоразбирање за отстранување на верското обележје. Стружани му потенцираа на градоначалникот оти иконата е поставена на соодветно место и тука  треба да остане.

„Ние не одлучуваме дали ќе остане иконата, за тоа решаваат сите православни стружани и нивниот став е таа тука да остане по секоја цена“-вели Маријан Деребан.

Градоначалникот Рамиз Мерко утринава ги  собрал сите податоци со цел да се увери каде лежи вистината. Сопственичката на ова место, Рабие Садикоска побарала од службите да се отстрани според неа нелегалниот објект. Во документите со кои располага градоначалникот, сеуште не е потврдено дека на спорното место некогаш постоела црква. Според катастастарските премери  од 1954 година на овој дел не е зацртан никаков верски објект, додава Мерко. Тоа го потврдува и пресудата од апелационен суд во Битола од каде е одбиено барањето на МПЦ дека тука некогаш постоел црковен објект. Рамиз Мерко додава дека тој постапува според законските одредби и не подржува ниту една страна.

“Јас лично побарав од полицијата да се тргне механизацијата и да се не отстранува обележјето бидејќи не сакам да се создадат инциденти, така ќе постапуваме и понатаму“-додава градоначалникот Рамиз Мерко.

Ramiz MerkoСо претходниот детален урбанистички план на спорниот паркинг плац била предвидена изградба на административни згради и паркинзи додека со последниот урбанистички план туке е зацртана колективна зграда. Дали ќе се одобри градбата предвидена со деталниот урбанистички план или пак ќе се постават темели за црква која во минатото постоела,  ќе пресечи Завод и Музеј од Охрид. По барање на група граѓани од Струга од таму треба да извршат археолошки ископи на тоа место.

„Бидејќи имавме други приоритетни проекти не успеавме да одговориме на барањето на жителите од Струга за да извршиме археолошки ископи и да увидиме дали на тоа место постоело црква„-истакна Тања Паскали Бунташеска, директор  Завод и музеј-Охрид.

Таа додава дека ископувањата се шредвидени да се реализираат во текот на следната година.Се додека не се дефинира дали ова место е сопственост на МПЦ, стружани остануваат на ставот дека иконата која ја поставија треба тука да остане.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top