Снимка на скенер со син картон

Скенерот во Специјалната болница „Св. Еразмо“, функционира. Не е во ред за услуга од 200 денари со сино картонче, пациентите да плаќаат приватно по 5000 денари во приватните клиники.

 |  Билјана Николовска  | 
Sv. Erazmo
Св. Еразмо

bolnicaНевистини и шпекулации се шират дека скенерот во  Специјалната болница „Св. Еразмо“ не е во функција. Директорот на оваа медицинска установа Митко Тилев, вели дека и до него допираат разни гласини дека постои некаков проблем со скенерот во неговата болница, заради што пациентите се преупатуваат до приватните клинички центри.

Тој категорично ги отфрла ваквите инсинуации и застанува на страната на пациентите. Тилевски вели дека нема потреба корисниците кои имаат потреба од  здравствена услуга скенер, да плаќаат преку леб и погача.

Заради објективни причини скенерот во „Св. Еразмо“ минатата година не работел два месеци. Тилески појаснува, дека проблемот бил надминат откако болницата со сопствени средства во износ од 70 000 евра ја сменил катодната цевка која откажала заради дотраeност од 10 години. Тилески додава дека годинава имале само мал проблем пред две недели, кој за три дена бил надминат. Ова го потврди и стручниот медицински персонал од оваа здравствена установа.

Д-р Митре Милошески рече дека за услугата скенер во моментов нема ниту листа на чекање.
Дали позади ова се крие криминал помеѓу докторите, со точност не можеа да кажат од Специјалната болница. Пациентите кои не сакаа да коментираат пред нашата камера велат, дека јавна тајна бил линкот на докторите од јавните здравствени установи со оние од приватните. Имено докторите од јавното здравство добивале одреден процент од приватните клинички центри, доколку испратат пациенти на снимка на скенер. Тилевски вели дека за ова веќе ги има запознато менаџерите на болниците во градов. Тој упатува апел до нив, да поведат сметка доколку одредена група на доктори ја применуваат ваквата незаконска практика, навреме да реагираат до надлежните органи.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top