Смрт под нејасни околности

Вчера околу 14 и 30 часот во ПС Струга пријавен е случај на починат малолетник. Се работи за Илир Села од струшкото село Ливада. Тој вчера бил донесен во болницата во состојба на клиничка смрт. Таму само  ја констатирале само смртта. Причините не се познати.

 |  Билјана Николовска  | 
policija
полиција

strugaСеуште не се познати причините за смртрта на 16-годишниот Илир Села од струшкото село Ливада. Денеска врз починатото лице извршена е обдукција. Со цел да се добијат поконкретни сознанија и да се утврди се она што му претходело на случајот стручните служби на СВР Охрид веднаш превзеле мерки. Според портпаролот на СВР, Стефан Димовски од она што досега се знае е дека, „настанот се случил во интернет кафе во селото каде, сега починатиот, бил со тројца негови другари малолетници, при што настанала вербална расправија“.

Како стигнало телото на Села до неговата фамилија е мистерија. Останува отворено прашањето како после извршената обдукција врз телото на Села не се констатирани траги на насилство. Димоски вели дека она што досега е кажано, дека наводно смртта на Илир настанала заради повреда при удар по половите органи, не е потврдено од истражниот судија Никола Спасески. За Илир Села се знае дека заедно со неговата мајка имале нерегулиран престој во Р Македонија. Се наметнува прашањето како починал Села и зошто полицијата од извршената обдукција нема никаква информација заради која настанала смртта.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top