Сменет Александар Попоски, претседателот на O.O. на СДСМ – Струга

Фамозниот Нацрт детален урбанистички план за дел од струшкото крајбрежје, ја однесе и својата прва политичка жртва.

 |  Голабовски Крсте  | 
Александар Попоски
Aleksandar Poposki

Неодамна изгласаниот Нацрт детален урбанистички план за дел од струшкото крајбрежје, Александар Попоски го чинеше партиска фотеља. Иако денес од Општинската организација на СДСМ од Струга кажаа дека гласањето на двајцата советници на СДСМ за овој нацрт план, бил нивен личен став,а не став на партијата, сепак овој огранок на СДСМ, остана без својот претседател.

„Досегашниот координатор на советничката група Александар Попоски не е повеќе ниту претседател на О.О. На експресното барање на централата од Скопје и на инсистирањето на членовите од локалната партиска организација во Струга, тој ја прифати целата политичка одговорност за својата погрешна одлука“ вели Наташа Пинтоска Беќароска од СДСМ Струга.

плажаИнаку на последната 38-ма седница на Советот на Општина Струга, за ДУПТ кој ја разбранува струшката јавност рака ЗА крена и советникот Илија Мацески.
Неговите сопартијци најавија дека ниту тој нема да биде амнестиран од одговорност.

„Многу брзо по конституирањето на новото партиско раководство, ќе биде иницирано и прашањето на политичката одговорност и на другиот советник кој гласал за овој НДУП, односно советникот Илија Мацески“ објаснува Наташа Пинтоска Беќароска од СДСМ Струга.

Од  струшкото СДСМ велат дека како и досега остануваат на страната на жителите од нивниот град и се категорично против било каква узурпација на спортски терени заради изградба на комерцијално – деловни објекти. Велат дека уште поактивно ќе се спротиставуваат на сите штетни политики како на централно така и на локално ниво, пообединети од било кога.

„Во СДСМ нема раскол и поделеност на градска или селска струја. Напротив постои единство а за тие кои што грешат, постои политичка и партиска одговорност“ објаснува Наташа Пинтоска Беќароска од СДСМ Струга.

На денешната прес конференција тие јавно го повикаа струшкиот градоначалник, да не ја злоупотребува власта која му е дадена и да престане да прави урбан хаос во Струга. Од О.О не дадоа кажаа кој ќе го замени Александар Попоски на функцијата претседател, само информираа дека процедурата за избор на негов заменик сеуште не е започната.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top