По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, на 3-ти декември 2021 година во 14:00 часот во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци” во Струга ќе се одржи настанот „Слушнете ги нашите приказни“.
По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, на 3-ти декември 2021 година во 14 часот во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи настанот „Слушнете ги нашите приказни“.
Настанот е во организација на Порака Нова, Здружение на слепи лица Струга и Здружение на глуви и наглуви лица Струга.
Овогодинешната порака на МДЛП е „Лидерство и учество на лицата со попреченост во создавање на поинклузивен, попристапен и поодржлив пост-Ковид19 свет”.
Моменталната светска популација е нешто повеќе од 7 милјарди луѓе, од кои повеќе од 1 милјарда се луѓе кои живеат со некаков вид на попреченост. Во 1992 година Генералното Собрание на Обединетите Нации одлучи 3 Декември да се одбележува како Меѓународен Ден на Лицата со Попреченост, со цел промоција и добросостојба на лицата со попреченост во сите сфери на општеството, а и со цел зголемување на свеста за состојбата на лицата со попреченост во секој аспект на социјалното, политичкото, економското и културното живеење.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град