Никако да се склопат коцките од мозаикот за одржување на судското рочиште за случајот Пливалиште. И денес, како и пред нецел месец, претресот е одложен, поради отсуство на вештакот Милан Чундев и на дел од бранителите на обвинетите.
Судскиот претрес за случајот Пливалиште, Струга се одложи и денес. Причина, отсуство на бранителот Бесник Каба и неговиот клиент, обвинетиот Климе Миладиноски. На денешното рочиште не присуствуваше и вештакот Милан Чундев кој во денешниот претрес требаше да има клучна улога. Бранителот на оштетените Љубиша Мукоски вели дека тежината на предметот, за кој кој после враќањето од Апелација воопшто не се оддржа рочиште, е голема и дека не смее да се дозволи и понатаму да се одолговлекува.
„Сами сте сведоци на тоа, дека после враќањето на предметот на повторно постапување од страна на Основниот суд Струга, првиот претрес не се одржа заради недоаѓањето на вештото лица денес не се оддржа заради недоаѓањето на еден од бранителите на обвинетите и одлагањето од страна на судот се врши после 20 дена а тежината на предметот не би требало да дозволи ваков начин на решавање на предметот. Мислиме дека предметот треба да се насрочува во пократок временски период“-изјави Мукоски.
Мукоски вели дека од нивна страна како полномошници на оштетените, во неколку наврати до обвинителот доставиле барање за проширување на обвинителниот акт, но засега тоа не вродило со посебни резултати.
Само за потсетување судскиот предмет за спорот Пливалиште беше вратен на повторно судење откако Апелациониот суд во Битола ја укина претходната пресуда и ја уважи жалбата на бранителите на обвинетите, Цвете Вранишкоски, Климе Миладиноски и Гоце Јанески. Одговорноста треба да се утврдува на секој од нив поединечно за кривичното дело за кое се товарат, „предизвикување тешки дела против општата безбедност“. Несреќата се случи на 11 септември 2010 година на шанк во комплексот Пливалиште, каде од струен удар настрадаа стружаните Јосиф Докоски, Киро Ѓоргоноски и Јоско Кувенџиески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град