Државава се соочува со сериозни проблеми во затворските установи. Најголемиот проблем лежи во затворот Идризово каде постојат минимум човечки услови за третман на затворениците. И корупцијата во затворите е голем проблем, велат добрите познавачи на приликите во овие поправно казнени установи. Во Охрид се одржува конференција на тема „Мониторинг во затворените институции во Македонија“ која ја организира хелсиншкиот комитет заедно со бугарскиот хелсиншки комитет. Претставникот на Хелсиншкиот комитет Христо Ивановски рече дека денес е добра прилика невладиниот сектор заедно со надлежните владини институции отворено да продискутираат за проблемите во затворските институции.
„Има сериозни проблеми, но слушнавме дека Владата има сериозна намера да инвестира во обнова и реконструкција на затворите особено на КП домот Идризово, и ми се чини дека тоа е добрата информација од овој собир што ја слушнавме, тоа значи дека наскоро ќе се потпише наскоро во текот на месецот рамковниот договор со банката за развој на советот на Европа и дека некаде од година ќе се почне со комплетна обнова на затворот во Идризово.
Душко Миноски од Министерството за труд и социјална политика, како важна поента ја спомна ресоцијализацијата и социјалната адаптација во затворските установи која треба да се спроведува врз затворениците. Тој кажа дека Владата мора сериозно да пристапи кон решавање на овој проблем. Според него државата треба да создаде услови за економско јакнење на оваа категорија луѓе, што би значело да се обезбеди нивно вработување и егзистенција со што би се внесле во современиот тек на живеење. Миноски потенцира дека кога се работи за луѓе и човечки права сите чинители на една општествена заедница ги имаат истите.
„Сите од нас како човечки битија сме подложени на некои ризици и може во некој определен момент да бидеме и ние дел од тоа. Тоа не значи дека не треба да имаме втора шанса и затоа треба да има појачување на тимовите кои ќе работат на корекција на нивното однесување“. И кога ќе излезат од затворите фактички буквално најважната работа е како во примарното семејство да направавиме одредени промени, бидејќи и таму ни се случуваат најрзлични ситуации каде ги дочекуваат и таму со отпор “.
Весна Бендеска смета дека предвидените суми во износ од 52 милиони евра, за реновирање на затворските институции се преголеми за буџетот на Р. Македонија. Додава, дека тоа би било големо задолжување на идните генерации во државава.
Директорката на Управа за извршување на санкции Лидија Гаврилоски рече дека од нивна страна согледани се сите проблеми и појасни дека секогаш кога се реформира еден ваков систем треба време и средства.
Гаврилоска на денешната конференција го прозва Евро амбасадорот Ерван Фуере дека незаконски влегува во затворите. Таа појасни дека сите амбасадори без разлика кого претставуваат, се должни да побараат согласност од управата за извршување санкции за посета на одреден осуденик односно на лице кое издржува казна затвор во некоја од установите, но не и за соглледување на состојбите внатре.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град