Скрининг тестирањето во Струга успешно

Иако нема ниту еден заразен од корона вирус до денес, градот на мостовите засилено се подготвува за евентуална криза. Се определуваат објекти за карантини а формирани се и мобилни тимови за  на терен.

 |  Соња Рилковска  | 

Скрининг тестирањето  во струшко заврши успешно. Од  направените  тестови околу,  триесетина ,  ниту еден не е позитивен на корона вирусот.
Градот на мостовите  е „опколен“,  од една страна со кризното подрачје Дебар , од друга пак со  Охрид,  каде веќе има  регистрирани  случаи на корона вирус. Токму затоа кризниот штаб од Струга постојано ноци нови превентивни одлуки.  Веќе се  избрани  локации за згрижување на пациенти. Со капацитет од 150 легла карантин ќе биде  средошколкскиот интернат.

„Ние направивме тим заедно си сите институции веќе започна Црвен крст и друга екипа која ние ја имаме формирано да помага на луѓето кои се немоќни да ги завршат основните работи заради настанатата ситуација. Мора да сме претпазливи и превентивно  односно репресивно. Ние имаме веќе предлози неколку градски хотели кои не работат во ова време. И разговараме со надлежните од тие хотели. План б.  ние интернатот на средните училишта тука има најдобри услови да се направи мобилен карантин“, вели Дашмир Насуфи од Кризниот штаб на општина Струга.

Во центарот на Струга денес  видно намалено движењето, се почитуваат препораките на владата.

„Седиме дома. И кога е потребно шетаме,  но сам по сам. Не се дружам со другарите. Кога треба нешто да земам земам и пак дома во станот. Треба да се чуваме треба да бидеме сериозни сите. Ќе помине и ова со Господ напред“ , вели еден стружанец.
„Излегувам шетам. Струга нема вирус, овде е  чист воздух“, вели друг стружанец.
„Ги поитуваме препораките. Излегуваме до 11 часот и си одиме дома. Избегнуваме се , седиме дома.Контакти само со потесното семјество и тогаш во растојание од 2 метри“,  вели повозрасен стружанец.
„Во меѓувреме непречено се  контролираат лица што се ставени под мерки за самоизолација,  здравствен надзор и домашна изолација. Моментно, СВР  Охрид, врши контрола на на   127  во општина  Струга, во Вевчани 10 , а  164 од Дебар“. (стенд ап Соња Рилковска.)

Повеќето граѓани ги почитуваат препораките. Досега казна од 4000 евра заработи еден жител на струшкото село Драслајца, а регистрирани се и  уште  десетина  прекршоци на територијата на Струга и Дебар.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top