Светски афирмираниот, македонски пијанист Симон Трпчески ќе ги отвори Струшките вечери на поезијата.
Светски афирмираниот, македонски пијанист Симон Трпчески ќе ги отвори Струшките вечери на поезијата.
Со композицијата „На Струга дуќан да имам “,светски афирмираниот , македонски пијанист Симон Трпчески ќе го отвори 48-то годишното издание на поетската манифестација, Струшки вечери на поезијата. Подготовките околу Манифестацијата се при крај и досега своето учество го потврдиле 75 поети од сите континенти вели Претседателот на Управниот одбор, Славе Ѓорго Димоски. Управниот одбор и дирекцијата на манифестацијата на две години до јубилејот 50 години од почетоците на оваа најреномирана, поетска манифестација, воведуваат повеќе новини , додава Димоски. На локалитетот Градиште, на Музејот на вода, ќе се престави Норвешката национална поезија, со цел пред странските поети да се афирмираат убавините на Охридското езеро.
Нови содржини се внесуваат и во манифестацијата „Ноќ без интерпункција“ појаснува Димоски. Ќе бидат изведени поетско –музички перформански од поети- музичари од Хрватска и Шведска, а ќе настапат и музичките ансамбли од Македонија, Баклава и Љубојна, додека Сашо Гигов Гиш ќе ги анимира поетите. Исто така, новина е печатењето на 10 томови поезија, на исто толку Македонски поети, добитници на наградата Браќа Миладиновци, а како што имињата на Анте Попоски, Петре М.Андреевски, Гане Тодороски. Годинава на СВП ќе се престави и третиот брат на Миладиновци , Наум, кој бил композитор на сериозна музика. Инаку годинешен лауерат на СВП е словенечкиот поет Томаж Шаламун.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град