Што се случува?

Стружани не паметат кога последно вака ја виделе оваа слика и стравуваат од можно излевање и поплава. Eколозите обвинуваат дека виновен е човечкиот фактор.

 |  Биљана Николовска  | 
Crn Drim
Црн Дрим

Crn DrimОстанаа затворени уште две клапни од браната во Струга од каде се испушта водата од езерото. Се зголемува ризикот од поплава во населените места на охридско – струшкиот регион. Алармантната и напната состојба се повеќе се наметнува меѓу населението а одговорните смируваат. Човечкиот фактор е причината за се ова што ни се случува последниве неколку денови, вели Мате Гогоски, еколог од Струга. Доколку не се регулира хидротехничката брана на ХЕЦ „Глобочица“ во Струга може да настане катастрофа, додава тој.
Опасноста ќе се зголеми доколку почнат нагло да се топат снеговите, вели Гогски. Но конкретно мора да се знае што треба надлежните да превземат при вакви состојби.
Мора да престанат сите експерименти кои ги прават надлежните во моментов. Доколку во целата оваа состојба се направи вистинскиот потег, може да се избегне сушата, која експертите одамна ја предвидуваат, изјави Гогоски. Тој додаде дека сега е момент кога треба максимално да се наполнат сите можни акумулации и вештачки езера, со цел да имаме резерва за во услови на  суша, пред која непогода немоќни се сите.
Од Центарот за кризи, Мишко Талевски, вели, без потреба да не се крева тензија. Додава дека состојбата се следи и се превземаат сите потребни мерки.
Во текот на вчерашниот ден надлежните служби излегоа со различни податоци за нивото на Охридското Езеро што создава забуна кај јавноста и страв дека можеби се крие каква е реалната состојба.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top