„Шо напрајфме“

Изворен струшки збор кој го претставува новиот магазин,  деновиве промовиран во Струга.

 |  Билјана Николовска  | 
spisanie
списание

spisanieПосле само една година од отварањето на пратеничката канцeларија на Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ, промовиран  нов магазин, „Шо напрајфме“. Станува збор за издание во кое  критиките нама да се дел од практиката на пишување на тимот кој стои зад него, вели уредникот на „Шо напрајфме“ Кристина Тодороска Петреска. Таа додава дека сакале отворено да проговорат за актуелните состојби во Струга, најпрво преку идеја за ѕиден весник која прераснала во нешто поголемо, магазинот „Шо напрајфме“.
Првиот тираж на весникот е 500 примероци. Тој е бесплатен и планирено е да излегува секои три месеци. Примероците се достапни за сите.
“Иницијативата за промовирање на вредностите и ширење на културата во Струга преку содржините на магазинот потекнува од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска” вели Петреска.
Содржините на весникот се пишувани од 12 часот по полноќ до 5 наутро, што зборува дека се работи за голем ентузијазам на тимот кој стои позади магазинот, вели Петреска.
Во „Шо напрајфме“, селектирани се шаренолики содржини пред се за демократијата, женските права, културата, туризмот, а има и промовирање на млади автори.
Не се изоставени ниту струшките институции, се разбира со сите поважни настани кои го одбележале периодот на делување.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top