Шанса за спас од кризата

ЕФСЕ, најголемиот фонд за микрофинансирање во Југоисточна Европа, веќе понуди алтернатива. Инвестиции за малите бизниси и нивен пристап до долгорочно финансирање по разумни каматни стапки.

 |  Билјана Николовска  | 
Konferencija mikrokreditiranje
конференција- микрокредитирање

Konferencija mikrokreditiranjeНајголемиот фонд за микрокредитирање на Југоисточна Европа ЕФСЕ, деновиве одржува конференција во Охрид. Ова е прва конференција во Македонија, а четврта по ред во регионот. Претседателот на одборот на директори на ЕФСЕ Клаус Глаубит, денес објави дека склучил договори за кредитирање на микро и мали претпријатија со шест финансиски институции на Југоисточна Европа. Со тоа банките ќе ги искористат кредитите од ЕФСЕ за да го прошират финансирањето на инвестициите и работниот капитал на локалните микро и мали претпријатија. Глаубит потенцира дека во Македонија има поле за долгорочна соработка и поддршка.
mikrokreditiranje

Менаџер директорот на фондот Елвира Левстинг кажа збор два за мотото и одговорноста на постоењето на ЕФСЕ, а тоа е одговорно финансирање.
„Во овој момент на кризни времиња најмалку е потребен некој кој не размислува краткорочно и економски“,  рече Гувернерот на НБ на Србија Радомир Јелашиќ. Тој додаде дека Србија применувајќи го флексибилниот режим на курсот одговорно се справува со новата кризна реалност. Јелашиќ смета дека ЕФСЕ фондот во овој период одиграл многу важна улога во опстојувањето на економијата.
Македонскиот Вицегувернер на НБ на Македонија Димитар Богов, има свој став околу примената на двата клучни режими на курсот. Тој смета дека тоа не влијае врз политиката дали е добра или лоша.
Оваа конференција е од голема важност за регионот, сметаат експертите по економија. Присуството на околу 300 гости, инвеститори и донатори на организацијата на конференции од ваков тип, е показател дека развивањето на долгорочна стратегија за излез од кризата е сигурен процес за нејзино надминување.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top