Сеуште нерешени сметки помеѓу превозниците и учениците

Бесплатниот превоз во изминатата учебна година важеше само за неколку месеци. Учениците кои плаќаа за превоз до училиштето сега неможат да си ги повратат парите.

 |  Колоска Биљана  | 
prevoznik
превозник

Бесплатниот превоз во изминатата учебна година важеше само за неколку месеци. Учениците кои плаќаа за превоз до училиштето сега неможат да си ги повратат парите.

комбе„Штом на наша сметка, ресорното министерството ни ги префрли парите,тогаш ние ќе им ги вратиме на учениците“, велат превозниците.

Никако да се решат проблемите со училишниот превоз. Иако сега, некако стивнаа маките на превозниците, сепак дел од учениците во втора година, бараат да им се вратат парите од претходната учебна година. Додека се бараше начин на кој би се изведувал бесплатниот училишен превоз, средношколците плаќаа билет, сега тие пари не ги добвиваат назат, потенцираат учениците зад објективот на нашата камера.
За ова пак, превозниците со свое објаснување.

Избалансирани се проблемите со бесплатниот превоз, посебно сега кога Општината ги превзеде овие обврски, велат од таму. Потенцираа дека за целосно да се надминат проблемите, мерки треба да превземат и претпоставените од средните училиште.

Очекувани беа проблемите помеѓу учениците и превозниците, но ние како Локална Самоуправа не бевме во можност да помогнеме, велат од О.Струга. Доколку ние ги распределувавме финансиските средства немаше да дојде до недоразбирање, истакна Гулицоски. Токму, тие причини беа горливиот проблем во текот на изминатата учебна година, вели секретарот.

„Како што ги добиеме финансиските средства така месечно ги префрламе на сметка на училиптето, тоа е наша обврска и ние совесно ја извршуваме“, истакна секретарот Гулицоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top