Седумчлено семејство живее под отворено небо

Мажот е слеп и не работи а неговата сопруга се грижи за него и за пет деца меѓу кои 12месечно бебе. Молат за помош , бараат било какво сместување за да се засолнат во ладните зимски ноќи.

 |  Соња Рилковска  | 

Живот под отворено небо.  Седумчлено ромско семејство  ладните зимски ноќи и дни ги минува на отворено. Палат ѓубре за да не премрзнат  на расфрланите  стари јоги покриени со кебиња и јоргани.
Велат немаат дом,  со години живеат по улици. Тој од Кавадарци, таа од Струмица постојано  се селат од град во град барајќи начин да преживеат. Моментално се  во Струга. Прво живееја   на струшката депонија, но ги избркале.  Сега се покрај патот кон Велешта крај една шупа.
Шемо Дестанов е  слеп и не може да работи. Лебот го  заработува пеејќи по улици. Новата година ја чекаа на депонија.

„Морам да кажам дека девет,  десет години  и повеќе сме по улици. Ние си знаеме како живееме. Имам четири деца со нив се влечиме по улици. Пејам по улции имам едно звучниче благодарение на граѓаните оставаат по  некој денар“, вели Дестанов.

Покрај четирите деца имаат и снаа од најстариот  син со едногодишно бебе. Питаат  или собираат  картони и шишиња.

„ Ова не е живот,  животот наш поминат вака со години  по улици. Покрив над глава нека ни дадат друго ништо не сакаме. И не одбирам било каде  кров да имаме само да се живее“, вели Дестанов.

Децата немаат никакви документи, не одат ниту на училиште. Кога ќе се разболат лековите мора да ги купуваат , се жалат родителите. Водејќи тежок чергарски живот пред десетина години едно дете им починало.

„Децата ми се без документи . Едното дете има 12 години се обидувам да го запишам ми бараат вакцини школо а тие се пораснати по улица. Ниедно дете не е школовано. По овие улици го изгубивме едно дете. Имав три машки едното почина на возот од струја додека спиевме по стари куќи.Играјќи си н возот го уби струја. Нема каде да се жалиме нема кој да ни помогне“, вели Мисада Дестанова.

Молат за помош , бараат било какво сместување за да се засолнат во ладните зимски ноќи.

„Збираме од ѓубрињата од кантите дрва прачки ќе палиме оган колку да се згрееме,. Видете ми ги рацете црнила ми се . Како ќе најдиме губре палиме оган“, раскажува Мисада.

И сопругата не работи , бидејќи мора да се грижи за Шемо кој е потполно слеп. Живеат од минимална социјална помош и надоместокот за слепило. Единствено молат за  покрив над глава.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top