Националната установа Музеј Др. Никола Незлобински одбележува 70 години од смртта на рускиот биолог и зоолог и хуманист.
Грандиозното дело на д-р Никола Незлобински, после 70 години ставено на хартија. Неслучајно годинава, кога се навршуваат 7 децении од смртта на големиот доктор, хуманист, биолог и музеолог Др. Никола Незлобински излегува од печат монографијата „Никола и Марија Незлобински“. „Ова е наш генерациски долг“, вели првиот човек на музејот д-р Сашо Цветкоски. Тој додава дека монографијата произлегла од оргинални документи.
„Еднаш да излеземе со едно заокружено дело, односно наше видување кон Незлобински и се она што беше негов легат негова оставштина да го презентираме на стружани на јавноста не само професионалната јавност туку и општо, бидејќи тој ги донесол цивилизациските вредности во градот“.
Финишираат подготовките за Свечената академија која ќе се одржи во сабота на 22 декември во 19 часот во хотелот „Дрим “ Струга. На свечената академија се очекува присуство на амбасадорот на руската федерација и неговото аташе за култура, ќе има гости природнонаучните музеи со кои соработува струшкиот музеј, од Белград, Загреб, како и наши гости и претставници од МПЦ. Цветкоски вели без Министерството за клултура не би можел да се оддржи настанот.
„На еден свечен начин ќе се оддаде почит уште еднаш и ќе се навратиме на делото на Незлобински. Ќе биде присутна Министерката за култура која ќе го поздрави овој свечен настан. Министерството и овој пат имаше големо разбирање и целосно финансиски го поддржа проектот“-вели Цветкоски.
Локалната власт, пак, без посебен интерес да се вклучи во оддавањето почит кон делото на Незлобински, кој оставил белег за Струга, смета Цветкоски.
„Општината навистина треба да поведе повеќе внимание иако ние дававме иницијативи и кејот да се промени од Борис Кидриќ да се промени во Никола Незлобински, затоа што името на Незлобински ги надминува границите на Струга и Македонија, бидејќи неговото име е познато и во Европски рамки“.
Значаен дел во програмата за одбележувањето на големото дело на Незлобински е и изложбата посветена на животот и делото на Никола Незлобински од неговото рано детство во Русија се до неговото пристигнување во Струга во далечната 1924 г.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град