На почетокот на седницата од страна на советниците, упатени беа низа забелешки и критики кон општинската администрација. Правилно толкувани изјави во записник, навремено известување за седниците и состаноците на комисиите, беа дел од забелешките.
Со кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Струга за квартал трети 2009 год, како прва точка на дневниот ред отпочна седницата. Oваа точка предизвика бурна реакција кај советниците. Посебно впечатливи беа контрадикторните изјави и ставови на разните политички опции. Тие до детали бараа образложение од градоначалникот Рамиз Мерко и комисијата за финансии и буџет да се произнесат за тоа каде одат парите на граѓаните. Претседателката на комисијата Славица Секулоска со образложение за подршка на кварталниот извештај.
Како дел од законската обврска на општинската администрација кварталниот извештај воопшто не е спорен и не треба да биде забуна за никој вели градоначалникот Рамиз Мерко. Тој додава дека тој се изготвува на негово барање и во секое време достапен е за сите, посебно кон граѓаните на општина Струга.
Советникот Абдула Ќазимоски како дел од комисијата за финансии и буџет, воопшто не бил консултиран и не бил навремено известен по однос на точката која се однесува на кварталниот извештај. Тој потенциреше дека очигледно денес не е ден за седница посебно не со ваков протокол на работа.
Секретарот на општина Струга Зоран Гулицоски ги признава направените пропусти, но коментарите од негова страна беа неприфатливи за советниците кои се засегнати од ненавременото известување за состаноците. Тој потенцираше дека службените телефони на советниците треба да се нон стоп достапни.
Новиот состав на советот на општина Струга очигледно се соочува со почетнички неусогласени услови за работа. Да се надеваме дека на гршките ќе се поучат и едните и другите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град