Се уредува просторот кај Слатинско Езеро

Во рамките на проектот: “ Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој “ беше имплементиран инфраструктурен проект: “Уредување на атрактивни зони и патеки во Југозападниот плански регион “, при што на Слатинското Езеро се  уредени  мини туристички содржини  (изградена е пешачка патека од камени плочи, во должина од 160 метри, уреден е паркинг простор, три летниковци, три типски пикник маси).

 |   | 

Проектот е имплементиран преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, а со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерството за локална самоуправа и општина Дебрца.

За целосно ставање во употреба на овој воден ресурс потребно е чистење на дното на езерото од бујната вегетација, обврска на АД “Водостопанство на Македонија”, кое стопанисува со објектот.

По завршувањето на новата брана, пред два месеци се појави недостаток,односно истекување на водата од езерото на едно место од телото на браната, недостаток кој треба да се санира од страна на изведувачот на градежните работи.

Слатинското Езеро како хидрографски објект е многу значајно за општина Дебрца и како воден ресурс и како потенцијална туристичка дестинација за риболовен и рекреативен туризам.

Како најзаинтересирани за оддржливо користење на Слатинското Езеро од Општина Дебрца ќе продолжат со барањата, во процесот на децентрализацијата надлежностите над ваквите хидрографски објекти од локално значење да се пренесат на локалната самоуправа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top