На Facebook страните на Здруженијата за заштита на животни „Анималиа“ од Охрид и Animal World од Струга беа објавени фотографии дека на езерското крајбрежје во струшкото село Радожда бил пронајден угинат лебед, кој најверојатно бил отруен.

Од здруженијата за заштита на животни информираат дека лебедот не бил единствената жртва, туку дека при овој нехуман помор биле отруени уште и три мачки и едно куче.
-„Убија лебед. Расфрлајќи отров затоа што некој со децении дозволува отров да се продава како тоа колаче да е, а не нешто што смрт е. Отруени се и неколку мачки и кученца. С. Радожда. Засрами се Македонијо, засрами се!“ стои на страната на Анималиа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град